. . , , - . Language: mk Genres: Science Contact email: Get it Feed URL: Get it iTunes ID: Get it |
Listen Now...
Рипариски шуми – нашите шумливи пријатели: разговор со екологот Ивана Лозановска [#16]
Sunday, 27 September, 2020
Звукот на моторните пили е најстрашниот звук за дрвјата. Неверојатно е колку сме им неблагодарни на овие прекрасни организми кои ни го прочистуваат воздухот, односно ни го снабдуваат со кислород, и со тоа – ни овозможуваат да дишиме. Но дрвјата прават и многу други корисни работи за нас – на пр. оние кои растат покрај реките – т.н. „рипариски шуми“ – нѐ штитат од поплави и ерозии, ја филтрираат и прочистуваат водата и се живеалиште за многу животни коишто живеат покрај реките. Токму ваквиот вид на дрвја, нивната биологија и значење ги проучува нашата соговорничка, Ивана Лозановска, која е докторанд на Универзитетот во Лисабон, Португалија. Во оваа епизода од „Наука за сите“ подкастот, разговараме и за концептот на екологијата како наука која има далеку поголем опсег од популарното разбирање на истата само како „чистење на околината“. Ивана беше љубезна да објасни и како хидроцентралите и браните влијаат врз животната средина, што може да направиме за да ги зачуваме реките и вегетацијата околу нив, збор-два кажавме и за животот во Португалија каде што студира, разјаснивме која е разликата меѓу „еколозите“ и „екологистите“, зборувавме како е да се кампува и истражува предели во името на науката и многу други интересни и битни работи. Затоа, не ја пропуштајте оваа 16-та епизода од „Наука за сите“ подкастот со Атанас Кирјаковски. МУЗИКА: Purple Planet Music